Грозоморни слики на денешните протести во Белград! Брнабиќ: Како ќе им го објасните ова на децата, а вие се борите против насилството? (фото)

Српската премиерка Ана Брнабиќ го осуди појавувањето на сликите на обесениот претседател Александар Вучиќ, кои денеска ги носеа дел од учесниците на протестот „Србија против насилството“ во Белград.

„Како им го објаснувате ова на децата? Мојот син има 4 години. Жал ми е за вас што промовирате потолерантно општество – и не знам како би му го објаснила тоа“, порача премиерката Брнабиќ на Твитер и додаде:

„Александар Вучиќ е пријател, татко, син… човек кој дава сè за да биде посилен. Имате поинаква визија – добро..но што е со бесењево а се борите против насилството“?