ГРОЗОМОРНО – Тинејџери убиле старица (82 г.) поради парите од нејзината пензија: Невиден хорор ја потресе Англија – жената немала никакви шанси против момчињата
Две момчиња, на возраст од 14 и 15 години, се уапсени под сомнение за убиство откако Џој Мидлдич (82 г.) починала по грабеж во нејзиниот дом во Сафолк.
Старицата била пронајдена како лежи на подот од нејзиниот дом, по што во критична состојба била пренесена во болница. Причината за смртта допрва треба да се потврди.
Жената почина во болница откако била пронајдена на подот од нејзиниот дом минатата сабота. Таа била пронајдена свесна, но во тешка состојба и била пренесена во Универзитетската болница „Џејмс Паџет“ во Норфолк во западна Англија, каде што почина во раните утрински часови во понеделникот на 27. март.
Тинејџерите во моментов се на распит во полиција.
Г-ѓа Мидлдич им рекла на роднините и на полицијата дека слушнала бучава на вратата пред двајца маскирани мажи насилно да влезат внатре и да ја соборат на земја.
Полицијата соопшти дека се верува дека нападот се случил помеѓу вечерта во петокот на 24. март и раните утрински часови во саботата. Чантата на г-ѓа Мидлдич била украдена и пронајдена на патот. Се сомневаат дека тинејџерите упаднале во нејзината куќа за парите од пензијата.
Во понеделникот е извршена обдукција, но причината за смртта се уште не е потврдена и објавена.
Семејството на пензионерката изјави дека таа била силна и решителна личност која го сакала животот и своето куче.
„Таа беше љубезна личност која, за жал, прерано си замина. Ги охрабруваме сведоците или сите кои имаат информации да се обратат во полиција“, велат од семејството на починатата.