Гром уби 5 ученици: Тие биле во училница кога одекнала експлозијата, ова е невидена трагедија

Пет деца загинаа, а повеќе од 10 се повредени кога гром удри во училиште во североисточниот дел на Демократска Република Конго , според АФП, повикувајќи се на локалните власти.

Шефот на администрацијата на југот на провинцијата Итури рече дека гром удрил во зградата на основното училиште во селото Букиринги околу 9 часот наутро додека децата ја чистеле училницата.

– Веднаш починаа пет ученици, две девојчиња и три момчиња – изјави функционерот и додаде дека уште 13 деца се повредени и хоспитализирани.

Загинатите и повредените ученици се на возраст од пет до 13 години.

Локалните медиуми јавуваат дека во друга источна провинција, Јужен Киву, истиот ден, 15 лица загинале во лизгање на земјиштето кое започнало по невремето.