Двајца припадници на Државната гранична служба на Азербејџан загинаа од удар на гром !
– Мајорот Бахиш Бахишли и војникот Али Нагиев загинаа од удар на гром додека биле на должност за заштита на границата на територијата на граничниот одред Ланкаран на Државната гранична стража – соопшти армијата.
Државната гранична служба изрази сочувство до роднините на жртвите и додаде дека води истрага.