ГРУПАТА ВАГНЕР НА СПИСОКОТ НА ТЕРОРИСТИ – Велика Британија се подготвува да го заплени имотот на руските платеници, а борците ќе бидат изедначени исто како оние на Ал Каеда

Велика Британија ќе ја вклучи руската платеничка група Вагнер на листата на терористички организации, објавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на информации од кабинетот на министерката за внатрешни работи, Суела Браверман.

Нацрт-наредбата ќе овозможи имотот на Вагнер да биде категоризиран како терористички имот и да биде запленет, според BCC, додавајќи дека ќе биде незаконски да се биде член или да се поддржува организација под наредбата.

Суела Браверман изјави за BCC дека Вагнер е насилен и деструктивен и дека тоа е воена алатка на Русија и на претседателот Владимир Путин.

Тие се терористи, обични и едноставни, а оваа наредба за забрана го покажува тоа јасно во законот на Велика Британија“, нагласува таа.

Прогласувањето на Вагнер за терористичка организација би значело дека во Велика Британија би било кривично дело да се припадне на групата или да се промовира, да се организираат или да се обраќаат на нејзините собири и да се носи нејзиното лого во јавноста, пишува медиумската агенција Reuters.

Reuters потсетува на ангажманот на Вагнер во Украина, чии војници беа распоредени во таа земја веднаш по почетокот на руската инвазија во февруари минатата година.

Daily Telegraph наведува дека со оваа одлука на Владата во Лондон платениците на Владимир Путин ќе се изедначат со Исламската држава и Ал Каеда кои веќе се на британската листа на терористички организации.