Група на затворенички од Идризово испрати апел до надлежните институции: Влага по sидовите, смрдеа, лекови со поминат рок како, ладни простории за време грејна сезона и мувлосана храна
Група на затворенички од КПУ Идризово женски оддел, денес испрати апел до надлежните институции преку нашиот медиум околу како што се вели во наведениот апел се нехуманите односи во КПУ, влага по sидовите, смрдеа, лекови со поминат рок како, ладни простории за време грејна сезона и мувлосана храна.
Бидејќи текстот е напишан на лист хартија, нашата редакција го направи преписот на текстот на нашиот медиум каде што апелот на како што се вели, групата на затворенички од КПУ Идризово женски оддел ви го пренесуваме во целост.
До директорот на КПУ – Идризово, Ибрахим Ељези.
До директорот на управа за извршување на санкциии, Александар Пандов.
До претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска – Давкова.
Почитувани,
Оваа молба, барање или отворено и групно писмо од женското одделение во КПУ – Идризово е адресирано до вас со цел да ве замолиме доколку може да не земете во предвид дека и ние постоиме , бидејќи при очи не ги гледате или не сакате да ги гледате неправдите кои се направени врз нас.
Во името на женскиот оддел во КПУ Идризово би сакале да ве потсетиме и ние сме нечии деца, би сакале исто така да ве потсетиме дека пред се ние сме и родители, мајки, столб на нашите домови, столб во домот кој издржува затворска казна е идентично на рушење кров над глава во домот.
Семејството и децата растат во агонија на овој тунел без крај, каде секој ден и секоја ноќ без разлика на национална или верска припадност молитвите се излишни кога институциите за нас немаат слух, солзи од кои произлегуваат многу болести. Условите во кои ја издржуваме затворската казна е аларманта, ниедно ветување кон нас не е исполнето.
Иако од пред 10 дена е веќе започната грејната сезона ние сеуште сме или без парно греење, иако ни беше ветено дека ќе ги уредат собите сеуште ја дишеме влагата од sидовите, имаме дури и стаорци со тавтабити кои шетаат по подот. Храната која ја добиваме е мувлосана и со поминат рок, исто така важно е да напоменеме дека во овој оддел во КПУ Идризово се делат медикаменти со поминат рок иако лекарствата треба да го заштитат нашето здравје, напротив тие го влошуваат токму поради овие намерни или ненамерни пропусти.
Објектот за ресоцијализација е дувло на инфекции и зарази, иако од медиумите често пати слушаме, читаме дека установата се посетува, никој не се осудува да ги допре кваките бидејќи и да ги допре се распаѓаат. Штета што немаме телефони како што е случај во машкото одделение во КПУ Идризово па да може јавноста да го види се ова што го нотираме како аномалија, проблем во овој оддел каде според нас не само што е нехумано туку не осудувате на смрт, иако во КЗ на Р.С. Македонија нема предивдено смртна казна.
Почитувани, ова веќе не е КЗУ и место каде може затвореник да се ресоцијализира, туку место каде се развива, шири геноцидот. Апсењето на криминалци за што објавуваат медиумите , местото и просторот се пренатрупани од секојдневно влегување на нов затвореник.
Ве замолуваме вас горенаведените што поскоро да ја спречите оваа агонија во КПУ Идризово конкретно во женскиот оддел а воедно и во одделот за ресоцијализација со цел да спречите разни болести и потенцијална смрт од горенаведените ужасни причини.
Како група на затворенички ве замолуваме да ги исцрпите сите правни елементи за помилување, пробабација или амнестија и да покажете дека и ние постоиме.
Со почит,
Група на затворенички од КПУ Идризово женски оддел.