ГРЦИТЕ ГО УАПСИЛЕ ХРВАТОТ КОЈ ГО УБИ 29-ГОДИШНОТО МОМЧЕ ВО АТИНА – Се обидел да побегне со автобус на граница, а полицијата пронашла и ножеви и палки – ова се деталите

Грчката полиција уапсила 19-годишен Хрват на границата со Албанија, велат грчки и албански извори.

Апсењето се случи по убиството на 29-годишниот Михалис Кацурис и дивите немири во атинската населба Нова Филаделфија.

Атина, Грција

19-годишниот Хрват се смета за осомничен, а по нередите на навивачите се обидел да избега со автобус, но бил спречен на грчкиот граничен премин Какавија.

Под полициска придружба тој е однесен во Јанина, град во Епир кој се наоѓа на 450 километри од Атина, каде што ќе биде детално сослушан.

Инаку, грчката полиција запрела уште 10 Хрвати на граничниот премин Какавија, а во овој момент се водат консултации со надлежните органи кои ќе одлучат дали и тие ќе бидат приведени.

Уште седум Хрвати беа уапсени во вторникот по 17 часот на границата со Македонија.

Хрвати се обиделе да побегнат од Грција, а според информациите на SKAI, во комбето со кое патувале биле пронајдени ножеви и палки.