Грците го уапсија ,,Аце Циганот”- Познат криминалец од Скопје

Ацо Боцевски, познат како Аце Цигани, е уапсен во Грција. По неколку години бегство и криење, тој е фатен од грчката полиција, а македонските власти веќе се информирани, пишува весникот КОХА.

Станува збор за многу баран криминалец осуден на неколку години затвор за убиство, обид за убиство и други сериозни кривични дела.

Меѓу тешките кривични дела, Ацо Боцевски, познат како Аце Циганот, е обвинет дека ладнокрвно го убил Сеат Ибраими од Скопjе во 1998 година со неколку истрели од огнено оружје. На убиството му претходела неколкуминутна брканица со автомобили низ скопските улици.

Возилото „Мерцедес“, управувано од Ибраими, излетало од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „КјуБ“, додека веднаш зад него, застанала „Корветата“ управувана од Ацо Циганот. Вториот излегол од автомобилот, го насочил пиштолот кон својот соперник и го испразнил шаржерот.