ГРЦИЈА ВО ШОК: „Лажниот Месија“ оперирал деца, при интервенција 15 од нив починале, некои останале во несвест, сега ЖИВЕАТ КАКО БИЛКИ
Грчката полиција и правосудството покренаа тајна истрага за големиот број деца кои починаа за време на операции на срцето извршени од кардиохирург.
Во центарот на случајот што го објави весникот ТО БИМА е детски кардиохирург, против кого родителите поднеле писмена жалба во 2021 година. Во извештајот се наведени 15 смртни случаи во најмалку една клиника за детска хирургија.
Родителите тврдат дека дотичниот лекар е „лажен месија“. Тие се жалат дека за време на 70 операции извршени од 2020 до 2021 година во една клиника, „20 отсто од децата починале“, додека многумина „никогаш не се освестиле и живеат како растенија“, пренесува Прототема.
Инаку, стапката на смртност во Европа за вакви операции кај деца е меѓу два и четири проценти.
Според информациите, споменатиот лекар на почетокот на 2019 година бил избркан од приватната болница, која потоа сменила сопственици. Тој отишол во друга приватна болница, но и оттаму добил отказ, додека одделот каде што оперирал ја загубил лиценцата за вршење детска кардиохирургија.
Истото се случило и во третата болница, а денеска, според истите информации, дотичниот лекар е во Истанбул, каде исто така се соочува со десетици пријави.
Според зборовите на родителите, лекарот давал бројни оправдувања зошто операцијата не успеала, обвинувајќи ја опремата или персоналот на интензивна нега, па дури и ги обвини родителите за наводно одложување на операцијата на децата.
За жалбите дознале поранешниот министер за здравство Танос Плеурис и заменик министерот Минас Гага, кои формирале комисија за проверка на овие наводи.