– Грција го расчисти озлогласениот камп во близина на Атина, кој со децении „се користи како рај“ за членовите на терористичката организација ПКК, соопштија полициски извори.
Безбедносните сили започнаа операција за затворање на кампот Лаврион и префрлање на неговите 53 жители во други области што ги раководи Министерството за миграција и азил на земјата, се вели во соопштението на грчката полиција (ЕЛ.АС).
Во соопштението се нагласува дека иако Лаврион претходно бил легален бегалски камп, во последните години бил под окупација.
„Евакуацијата на зградата се одвиваше во мирна атмосфера и без никаков отпор, со цел да се обезбедат подобри услови за живеење на луѓето бидејќи конкретната зграда беше несоодветна за сместување“, се додава во соопштението.
Туркије со години се спротивставува на континуираното работење на кампот Лаврион, за кој рече дека го користеле ПКК и екстремно левичарските терористички групи како полигон за обука, посочувајќи на сведочењата на уапсените членови на ПКК.
Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации од Туркије, САД, ОК и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.
Туркије долго време ја осудува европската толеранција кон ПКК, бидејќи голем број земји на ЕУ дозволија пропаганда и регрутирање на ПКК, игнорирајќи го статусот на групата како терористичка организација.