Грција им се придружи на Белгија и Франција во забраната на учениците да користат мобилни телефони за време на часовите
Децата во Грција од септември повеќе нема да можат да користат мобилни телефони во основните и средните училишта, најави премиерот Киријакос Мицотакис по средбата со министерот за образование Киријакос Пјеракакис.
Новиот закон, сличен на оној во Белгија и Франција, вели дека децата ќе можат да носат мобилни телефони на училиште, но нема да можат да ги користат за време на часовите.
Мицотакис рече дека овој закон е продолжение на претходниот закон, во кој се вели дека децата не можат да снимаат и да ги исмејуваат своите соученици, пишува euronews .
“Mobile Phones Should Not Have a Place in Schools”: Greek Prime Minister Outlines 11 Changes for the New School Year https://t.co/hd0n1hr5jk pic.twitter.com/CvVBPlvEeX
— Greek City Times (@greekcitytimes) August 30, 2024
Според новите правила, учениците кои нема да ги почитуваат ќе бидат суспендирани од наставата на еден ден. Во случај на повторени прекршоци, наставниците имаат овластување да ги отстранат учениците од училницата на неколку дена.
Исто така, секој кој снима соученици или нивните наставници без дозвола може да се соочи со исклучување од училиште.
„Ние не мора да очекуваме 100 проценти усогласеност од првиот ден, но сакаме децата, нивните родители и воспитувачите да ја разберат важноста на целосниот фокус на учениците на образовниот процес во училиштето“, рече Мицотакис.