– Поголем дел од шумскиот пожар, кој избувна синоќа на островот Хиос во Грција, е под контрола.
Грчката противпожарна служба соопшти дека тимови за поддршка и волонтери од Лезбос и Атина учествувале во гаснењето на пожарот што избувна во шумската област Диефа на островот Хиос.
Пожарот избувнал како последица на сообраќајна несреќа, а во голема мера е ставен под контрола по интервенцијата на хеликоптер во раните утрински часови.
Како мерка на претпазливост, евакуирани се две села на островот.
Во тек е гаснењето на помал пожар во шумското подрачје.
Приведен е пијан возач, кој изгубил контрола над возилото и удрил во ѕид, при што предизвикал пожар во своето возило, а потоа и во шумското подрачје на островот.