Се појави тајно писмо на Клинтон, напишано во 1994, испратено од Ричард Никсон: Му пишувал за војната во Украина а ја споменал и оваа балканска земја (фото)

Претседателската библиотека Клинтон ја декласифицираше содржината на писмото испратено од Ричард Никсон, поранешниот шеф на Белата куќа, до тогашниот американски претседател Бил Клинтон на 21 март 1994 година, еден месец пред неговата смрт. Според медиумите, се споменува потенцијална војна во Украина, која тој ја спореди со онаа во Босна и Херцеговина.

,,Вечерњи лист” наведува дека во тоа писмо, кое се покажало како пророчко, Никсон (81) дава оценка на седум страници за политичката ситуација во Русија, на чие чело тогаш бил претседателот Борис Елцин. Никсон предвидува прекин на односите меѓу Москва и Киев и дека некој од националистите би можел да ја преземе власта.

Се наведува дека, иако Никсон многумина го паметат по аферата „Вотергејт“, треба да се каже дека за време на Студената војна бил иницијатор за подобрување на односите со Советскиот Сојуз. Во 1972 година, во Москва, Никсон, како прв американски претседател кој ја посети руската престолнина, потпиша договор со советскиот лидер Леонид Брежњев за ограничување на стратешкото нуклеарно оружје.

Никсон му го напишал писмото на Клинтон откако се вратил од дводневното патување во Русија и Украина и врз основа на она што го видел таму. Тој му рекол на Клинтон дека новосоздадената демократија е во опасност и дека деновите на Борис Елцин како несомнен лидер на Русија му се избројани.

„Неговите периоди на обилно пиење се подолги, а периодите на депресија се почести. Најпроблематично е што, во антиамериканската атмосфера што постои во Думата и во земјата, тој повеќе не може да ги исполнува своите обврски кон вас и другите западни лидери“, ја опиша Никсон состојбата на тогашниот руски претседател.

Никсон ја оцени ситуацијата во Украина во тоа време како „многу експлозивна“ и изјави дека „ако се дозволи да излезе од контрола, Босна ќе изгледа како градинарска забава“, мислејќи на војната што во тоа време беше во полн ек.

Тој, исто така, го советувал Клинтон да ја зајакне дипломатската мисија на САД во Киев.

Во своето писмо тој ги раскажува разговорите што ги имал со американски бизнисмени кои му се пожалиле дека американската амбасада во главниот град на Украина е недоволно кадровирана и не е соодветно управувана. Никсон, исто така, го повика Клинтон да допре до потенцијалните наследници на Елцин.

„Буш направи грешка што се задржа предолго со Горбачов поради неговиот близок личен однос со него. Мора да ја избегнете таа грешка во вашите многу добри лични односи со Елцин“, му рекол Никсон на Клинтон.

Сепак, тој не беше сигурен кој би можел да ја преземе власта во Русија.

„Сè уште нема никој во класата на Елцин како потенцијален лидер на Русија“, напиша Никсон.

Сепак, тој предвиде дека може да се роди „кредибилен претседателски кандидат“ од националистичката и популистичка плима во Русија.