Најмалку 16 жртви во пожар во рудник во Кина

– Најмалку 16 лица загинаа во пожар што денеска избувна во рудник за јаглен во јужна Кина, соопштија локалните власти.

Пожарот избувна во рудник за јаглен во градот Панжу во кинеската провинција Гуиџоу, а првичната истрага покажа дека луѓето кои загинале останале заробени откако се запалила подвижна лента, соопштија градските власти на социјалните мрежи.

Во Кина, безбедносните услови во рудниците за јаглен се подобрени во последниве години, но несреќи сè уште се случуваат.