Грција стана енергетски центар на Европа: Американскиот нафтен гигант истражува нафта меѓу Пелопонез и Крит (видео)
Американскиот производител на нафта Шеврон е заинтересиран за истражување на фосилни горива меѓу Пелопонез и Крит, објави во понеделник грчкото Министерство за енергетика.
Интересот на Шеврон е од големо значење во рамките на стратегијата за енергетска независност и намалување на трошоците за енергија, како и паралелни иницијативи за засилена заштита на морската животна средина, потенцираат од Министерството.
– Го прифативме изразувањето на интерес на Шеврон и во рок од една недела ќе донесеме соодветна одлука – додаваат од министерството.
– Интересот на Шеврон, во комбинација со фактот дека ExxonMobil е веќе активен во нашата земја, означува истовремено присуство на два енергетски гиганти и ја зајакнува вербата дека Грција може да има водечка улога на светскиот енергетски пазар и потврдува дека нашата земја е атрактивна дестинација за инвестирање – заклучуваат од министерството.
Сегашната површина на крајот ќе се прошири за 25 отсто, односно за 11 илјади квадратни километри, изјави владиниот портпарол Павлос Маринакис.
Шеврон не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар на соопштението на грчкото Министерство за енергетика.
Грција планира да користи гас како преодно решение до целосна транзиција кон обновливи извори на енергија. Досега тие произведуваа само мали количини нафта, забележува Ројтерс.