Археолозите во Грција открија остатоци од винарска визба стара 1.600 години, за која се вели дека датира од времето на Римската империја.
Остатоците се пронајдени во античкиот град Сикион, кој се наоѓа на северниот брег на Пелопонез, а најверојатно биле уништени од земјотрес или друга природна катастрофа.
Во подрумот археолозите пронашле расфрлани монети, како и остатоци од мермерни маси и садови од бронза, стакло и керамика, пишува lifecence .
„За жал, немаме директни докази за видовите вина што можеби се продавале. Имаме некои докази за семки од грозје, но не можеме да кажеме ништо поконкретно од тоа“, рече Скот Галимор, вонреден професор по археологија на канадскиот универзитет Вилфрид Лориер.
Овие детали ги посочија археолозите во труд за време на годишниот состанок на Археолошкиот институт на Америка.
„Најдени се монети расфрлани на подот. Се чини дека ова покажува дека тие останале заедно во контејнер или торба. Кога визбата била уништена, се чини дека контејнерот паднал на подот и монетите биле расфрлани“, додаде Галимор.
Познато е дека најголемиот дел од пронајдените монети потекнуваат од владеењето на Констанциј II, од 337 до 361 година.