– Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагира за отфрленото барање за ослободување од затвор на градоначалникот на албанскиот град Химара Фреди Белери, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР коментираат дека со отфрленото барање, Белери директно е спречен да положи заклетва, а одлуката „предизвикува длабока загриженост за вистинските цели зад неговото гонење“,
-Министерството за надворешни работи будно ги следи случувањата и очекува од соседната земја почитување на пресумпцијата на невиност – фундаментален елемент на владеењето на правото, пишува во соопштението на грчкото МНР.