ГУРМАНСКА ПИТА со ајвар и сирење ќе ви ја стопли душата и телото, зачинета и сочна

Вака подготвената пита е идеална за појадок, а ќе ве воодушеви со својот вкус.

Неопходно е

  • 12 кори за пита
  • 15 лажици ајвар
  • 300 гр сирење
  • 3 јајца
  • половина чаша кисела павлака
  • 300 гр шампињони
  • една лажичка сол
  • една лажичка прашок за пециво
  • сусам за посипување

Подготовка

Поделете ги корите во три групи од по 4 кори. Потоа динстајте ги печурките додека не испари сокот. Во посебен сад измешајте ги јајцата, сирењето, павлаката и прашокот за пециво. Посолете по вкус. Потоа ставете една кора и попрскајте ја со масло и ставете ја втората кора. Истурете 5 лажици ајвар, намачкајте го и ставете ја третата кора. Врз четвртата кора ставете третина од филот со сирење. Врз неа ставете третина од печурките и сè завиткајте во ролат. Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. Во плех обложен со хартија за печење се ставаат три ролати, се премачкуваат со фил од сирење, па се посипуваат со сусам. Наредете ги и печете околу половина час на 200 степени.