Гутареш: Срцето ми е скршено бидејќи голем број муслимани во Газа и Судан не можат да го прослават Бајрам

 – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека срцето ми е скршено знаејќи дека голем број муслимани во Газа, Судан и други места низ светот нема да можат да го прослават Рамазан бајрам поради судири и глад.

„Секоја година ги изразувам своите најдобри желби за Рамазан бајрам на муслиманската заедница ширум светот“, наведе Гутереш во својата бајрамска порака на социјалната мрежа Х.

Во пораката Гутереш додава:

„Срцето ми скршено знаејќи дека во Газа, Судан и други места низ светот, поради судири и глад, голем број муслимани нема да можат да прослават.“

Судан е опустошен од судирите меѓу војската и паравоените Сили за брза поддршка од април минатата година. Повеќе од 13.000 луѓе се убиени, а над 8 милиони се раселени, објави ОН, додека половината од населението. На 25 милиони луѓе во земајта им е потребна хуманитарна помош.

Израел, обвинет за геноцид, започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Во овие напади досега се убиени 33.360 Палестинци, вклучувајќи најмалку 14.280 деца и 9.340 жени, а повеќе од 75.993 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни средства за опстанок.

Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во јануари донесе привремена одлука со која на Тел Авив му е наложено да ги запре геноцидните активности и да преземе мерки за да се осигура давањето хуманитарна помош на цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.