– Руската Федерација остро ја осуди најавата на групата Г-7 дека ќе ѝ даде безбедносни гаранции на Украина и ги оцени како потенцијално опасни.
Канцеларијата на британскиот премиер Риши Сунак денес објави дека земјите членки на Г-7 ќе потпишат заедничка декларација, во која ќе биде најавено дека сојузниците ќе ја поддржат Украина во наредните години да ја заврши војната и ќе одговори на секој иден напад.
На ова соопштение реагираше руски Кремљ.
„Давајќи ѝ каква било безбедносна гаранција на Украина, овие земји (Г-7) всушност ги занемаруваат меѓународните принципи на неделивоста на безбедноста. Т.е. давајќи ѝ безбедносна гаранција на Украина посегнуваат по безбедноста на Русија“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков истакна и дека Русија има многу негативен став за членството на Украина во НАТО.
„Ова го сметаме за исклучително погрешно и потенцијално за многу опасно“, рече Песков.