Г7 повика на имплементација и проширување на договорот за извоз на украинско жито од пристаништата во Црното Море
– Групата седум економски најразвиени земји (Г7) повика денеска на „продолжување, целосна имплементација и проширување“ на договорот за извоз на украинско жито од пристаништата во Црното Море, соопштија министрите за земјоделство од земјите – членки на групата.
Претходниот договор беше со посредство на Обединетите нации и Турција и беше потпишан во Истанбул во јули минатата година, овозможувајќи и на Украина да извезе повеќе од 27 милиони тони жито од неколку нејзини пристаништа на Црното Море.
Русија, сепак, најави дека нема да дозволи продолжување на договорот.