Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, вели дека во ЕУ ќе бидеме почитувани и рамноправни доколку бидеме градени и организирани според копенхашките критериуми.
Ако имаме независно судство, ако се почитуваат правата и слободите, ако имаме европско образование, а не факултети кои се „фабрики за хартија“, затоа имаме повеќе доктори на науки по глава на жител од Британија“, изјави Силјановска Давкова за „Телма“. “.
Таа вели дека ова со уставните измени „апсолутно не поддржува“, и дека ЕУ ќе ни стави вето и „не знам колку вето ќе добиеме поради непочитување на копенхашките критериуми“.