Различни фактори, вклучително и лекови за лекување на депресија, можат да влијаат на сексуалниот нагон на жената.
Депресијата може да предизвика личноста да изгуби интерес за работи или активности кои порано уживал да ги прави. Ова вклучува секс. Додека лековите можат да им помогнат на луѓето да се борат против депресијата, еден од несаканите ефекти на антидепресивите може да биде ниското либидо, велат лекарите.
Антидепресивите најчесто се препишуваат кога некому му е дијагностицирана депресија, анксиозно растројство, опсесивно-компулсивно растројство (OCD) и посттрауматско стресно нарушување (ПТСН).
Тие можат да се користат и за лекување на хронични болести, како и за нарушувања во исхраната, вели психијатарот Рахул Раи Какар.
Познато е дека антидепресивите помагаат во регулирањето на расположението, но можат да влијаат и на сексуалниот живот.
Депресијата и антидепресивите може да предизвикаат симптоми како сувост на вагината, како и намален сексуален нагон, според студијата објавена во Журналот за клиничка медицина.
Друга студија, објавена во списанието Drug Healthcare and Patient Safety, покажа дека антидепресивите можат да предизвикаат сексуални проблеми како што се намалена сексуална желба, намалена сексуална возбуда, одложен или намален оргазам и често негово отсуство.
„Жените може да забележат намалување или промена во сексуалната желба, возбуда или оргазам додека земаат антидепресиви“, вели Какар.
Ова може да биде под влијание на индивидуалните разлики, конкретниот антидепресив што се зема, како и други фактори како што се целокупното ментално здравје на една личност и динамиката на односите.