ДАЛИ ВАКА ИЗГЛЕДА ОДМАЗДАТА НА ВЛАДИМИР ПУТИН ?! Водечки експерт ја предвиде смртта на Евгениј Пригожин пред 10 дена: “Сите знаат што прави Русија со предавниците…“

Водечкиот истражувачки новинар за руски прашања, Христо Грозев, уште во јануари предвиде дека лидерот на платеничката група на Вагнер, Евгениј Пригожин, ќе го предаде рускиот претседател Владимир Путин во рок од шест месеци, а неговото предвидување се оствари кога Евгениј Пригожин започна бунт против руското воено раководство.

Христо Грозев се сомневаше дека обидот за државен удар се случил на 23. јуни затоа што дошло до експлозија на телефонска комуникација меѓу водечки луѓе во руската Армија.

Пред десет дена тој во интервју за Financial Times претстави нова прогноза.

Владимир Путин се појави пред камерите и го нарече Евгениј Пригожин предавник. Сите знаат што прават во Русија со предавниците, а Владимир Путин не го направи тоа. Сака да го види мртов, но сè уште не може. Во рок од шест месеци или Евгениј Пригожин ќе биде мртов или ќе се случи уште еден државен удар. Слушајте ми го зборот“, изјавил тој.

Христо Грозев одговорил и на прашањето дали мисли дека Русија има средства да влијае на претседателските избори во САД, кои ќе се одржат на 24. ноември следната година.

Јасно е дека стратегијата на Владимир Путин во украинската војна е да го одложи секој воен исход до американските избори. Тој се надева дека западната поддршка ќе биде задушена со победата на Доналд Трамп“, вели тој.

Бугарскиот државјанин е главен новинар специјализиран за Русија за истражувачката веб-страница Bellingcat. Тој одигра важна улога во истрагите на Bellingcat за труењето на затворениот руски опозициски активист Алексеј Навални.

Русија пред неколку месеци го додаде на листата на странски агенти.