ДАЛИ ВАКА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ТРЕТАТА СВЕТСКА ВОЈНА !? Тие се голема закана за Украина и НАТО, а ниту Александар Лукашенко не спие мирно поради нив: “Еве што би можеле да направат борците на Вагнер…“

Полската разузнавачка служба објави дека внимателно ја следи заканата од стотиците платеници на групата Вагнер кои доаѓаат во Белорусија. Тоа предупредување дојде две недели откако полската Армија ги засили своите сили на границата со Белорусија, додека во исто време на руските профили на социјалната мрежа Телеграм се развива идејата дека членовите на таа руска платеничка група би можеле да се упатат кон Варшава.

Сега може да има неколку стотици од нив“, изјави Станислав Зарин, заменик-директор на полската специјална служба и додаде: „Полските служби ја следат ситуацијата со цел да откријат колку борци на Вагнер ќе завршат во Белорусија“.

Литванија, исто така, побара од НАТО да ги зајакне своите сили долж границата со Белорусија, откако на борците на групата Вагнер им беше наредено да се преместат по нивниот неуспешен бунт во јуни. Потврдено е дека првиот конвој на силите на Вагнер пристигна во Белорусија во саботата.

Руски профил кој објавува информации за Вагнер на социјалната мрежа Телеграм со 75.000 претплатници, вели дека платеничката група ќе има постојан гарнизон во Белорусија. Исто така, профилот ја исмејува Полска бидејќи тамошните власти наредија 1.000 војници да ги зајакнат границите на земјата, додека има потенцијално 8.500 борци на Вагнер кои би можеле да бидат стационирани во Белорусија.

Немирот расте во Источна Европа. Тие повеќе се плашат од ‘музичарите’ отколку од рускиот нуклеарен арсенал“, пишува споменатиот профил, а терминот „музичари“ алудира на познатиот германски композитор Ричард Вагнер. За потсетување, Вагнер беше кодното име на единицата на руските специјални сили по која групата беше именуван, тврди еминентниот весник The Telegraph.

слика
Борци на групата Вагнер во Ростов-на-Дон, Русија

Истовремено, британскиот весник The Sun наведува дека руски функционер се заканувал дека Русија би можела да ги искористи борците на групата Вагнер за да ја нападне „најслабата алка“ на НАТО во Полска и Литванија, што би бил потег што, како што пишува весникот, веројатно би предизвикал Трета светска војна.

Имено, висок руски парламентарец на државната телевизија изјавил дека група платеници стационирани во Белорусија е подготвена да нападне клучен премин на НАТО за „неколку часа“. Станува збор за коридорот Сувалки, копнен појас долг 100 километри кој се протега долж границата меѓу Полска и Литванија.

Тој коридор има огромно стратешко значење за НАТО и Европската унија, како и за Русија. За Западот, тоа е единствената копнена врска со трите поранешни советски балтички републики, сега независни држави Литванија, Латвија и Естонија, кои се сметаат за особено ранливи доколку се влошат сегашните тензии со Русија.

За Русија, контролата на тој коридор би обезбедила копнена врска меѓу балтичката ексклава Калининград, главната база на руската балтичка флота, и Белорусија, чиј претседател Александар Лукашенко е лојален сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Имено, резервниот генерал-полковник Андреј Картаполов, претседател на комитетот за одбрана на рускиот парламент, кој неодамна потврди дека т.н.„генерал Армагедон“ односно Сергеј Суровикин – кој наводно имал сознанија за бунтот на групата Вагнер и нивниот прв човек Евгениј Пригожин и не е виден во јавноста откако повика да се прекине бунтот – е недостапен затоа што моментално е „на одмор“, тој на државната телевизија кажа дека – „јасно е дека Вагнер заминал во Белорусија да ги обучува белоруските вооружени сили“.

слика
Полски војници на коридорот Сувалски

Постои место како коридорот Сувалки… Ако нешто се случи, тој коридор Сувалки ќе ни треба многу… Ударната сила (Вагнер) е подготвена да го преземе овој коридор за неколку часа“, истакна Андреј Картаполов на руската државна телевизија.

Патем, тоа е територија што се нарекува „Ахилова пета“ или „мек стомак“ на НАТО – бидејќи може да биде првата точка на контакт во наводна Трета светска војна, коридорот се смета за најопасното место во светот. Секој агресивен руски потег во таа област, вклучително и употребата на силите на групата Вагнер, веројатно би предизвикал активирање на членот 5. од НАТО, според кој напад врз една членка на НАТО е напад врз сите земји членки.

Полска забрзано се вооружува поради заканата од Москва, а Германија трајно ќе распореди 4.000 војници во Литванија, додека НАТО го засилува своето присуство во балтичките земји. Илјадници борци на Вагнер пристигнаа во Белорусија во последните денови – а многумина беа забележани како се движат на патот во рускиот регион Липек во неделата.

По бунтот на групата Вагнер на 24. јуни, беше постигнат договор за префрлање на нивните сили во Белорусија.