Ветеринарот открива што ви кажува кучето кога ќе ви ја стави шепата.
Најчестиот облик на комуникација кај кучињата е лаењето, што обично го разбираме, но допирањето со шепа е нешто сосема друго, пишува Дејли Мејл .
Одговорот на ова прашање го даде ветеринарката Сара Вутен.
– Многу кучиња комуницираат со шепите, а причината е многу едноставна, ние ги научивме на тоа. Кога кучето му дава шепа на својот сопственик , сопственикот често реагира позитивно и го наградува, што го поттикнува таквото однесување – објаснува Вутен.
Гест на задоволство
Со овој гест кучето покажува задоволство, особено ако тоа го прави додека вие го галите. Всушност, тој сака да ви каже дека му се допаѓа и да продолжите понатаму. Често ќе го прави тоа дури и ако престанете да го галите, како знак дека сака да продолжите.
Исто така, ако забележат дека сопственикот е нерасположен, кучињата често сакаат да искомуницираат дека се ќе биде во ред.
– Како да сакаат да ви кажат дека разбираат низ што поминувате и дека работите ќе се подобрат. Со овој гест тие ја покажуваат својата љубов. Сепак, тие можат и со допир да сигнализираат дека не се чувствуваат добро. По говорот на телото на кучето можете да разберете дали е „среќна“ шепа или некој вид на повик за помош. Ако е второто, кучето нема да бара награда како колаче, туку удобност и чувство на сигурност – додава ветеринарката Сара Очоа.