Дали ви е мака кога треба да ја исчистите куќата? Еве како да се мотивирате

Кога станува збор за чистење, постојат два типа на луѓе – оние кои уживаат во чистењето на куќата и оние на кои им е тешко да почнат да чистат.

Со помош на овие совети од  велнес мајки  , чистењето на вашата куќа ќе биде полесно:

1. Размислете за крајниот резултат: Подобро расположение, совршен ред, среќно семејство, поздрава средина, полесно понатамошно одржување.

2. Купете нешто ново за вашиот дом. Луѓето полесно одлучуваат да го исчистат просторот пред да постават, на пример, нова светилка или вазна во домот.

3. Однапред подгответе се што ви треба за да ви биде при рака, помалку ќе пешачите наваму-ваму и ќе завршите порано.

4. Истражете ги советите за полесно и побрзо чистење.

5. Вклучете го остатокот од семејството во активности за чистење, доколку се расположени. Ако не, само ќе предизвикате расправија и ќе ви го расипете расположението.

6. Наградете се кога ќе завршите.

7. Не бидете перфекционист.