ДАЛИ ВЛАДИМИР ПУТИН ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ПОГРЕБОТ НА ЕВГЕНИЈ ПРИГОЖИН !? Кремљ конечно даде одговор на прашањето што го интересира целиот свет
Потпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, вели дека се уште не може да се каже дали Владимир Путин ќе присуствува на погребот на основачот на платеничката групата Вагнер, Евгениј Пригожин, објаснувајќи дека се уште не се знае колку долго истрагата ќе трае, а претседателот на државата генерално има напорен распоред, пренесува РИА Новости.
„Засега не е познато. Факт е дека кај вас не знаеме колку време ќе траат потребните испитувања и неопходните дејствија поврзани со истрагата. Затоа, сега, кога нема датум за погреб и слично, воопшто не може да се зборува за тоа. Па, единствено што можам да кажам е дека претседателот сега има прилично напорен работен распоред“, рекол Дмитриј Песков како одговор на прашањето дали Владимир Путин ќе присуствува на погребот на Евгениј Пригожин.
Според Министерството за вонредни состојби на Руската Федерација, приватен авион Embraer Legacy 600 кој летал од Москва за Санкт Петербург се урнал во средата во близина на селото Куженкино во областа Твер. Според првичните информации, загинале сите десет лица кои биле во авионот.
Според списокот на патници доставен од Федералната агенција за воздушен транспорт, меѓу патниците е наведен и Евгениј Пригожин.