Водата за пиење во Скопје е безбедна и со добар квалитет, потврдува неделниот лабораториски извештај на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Според анализите спроведени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 14 до 18 јули, сите примероци се во согласност со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Во наведениот период, од 48 различни мерни точки низ градот се земени 212 примероци за физичко-хемиска анализа и 212 примероци за микробиолошка анализа.
Резултатите покажуваат дека ниеден примерок не отстапува од утврдените норми, што значи дека жителите на Скопјани можат безгрижно да користат вода од градскиот водовод.