ДАЛИ ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА СКОПЈЕ РАБОТАТ МОНСТРУМИ !? Обдукцијата потврди: “Коњите се отруени со брзоделувачки отров“

Зоолошката градина во Скопје во објава на социјалната мрежа Фејсбук информираше дека според официјалните резултати од обдукциските наоди, сортните коњи се отруени со брзоделувачки отров.

Резултатите се доставени до Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување, а поднесена е и кривична пријава и активно се трага по сторителот. Од ЗОО Скопје велат дека ги проверуваат сите видео-снимки од безбедносните камери.

Во прилог ви ја доставуваме во целост објавата од Зоолошка градина Скопје на социјалната мрежа Фејсбук:

Почитувана јавност,

Официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров.

Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери.

Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот.