Дали врската меѓу Роналдо и Георгина е совршена!? Дознајте колку пари би добила убавата црнка ако тие двајца се разделат
Кристијано Роналдо и неговата девојка Георгина секојдневно се појавуваат на насловните страници на спортските дневни ширум светот.
Иако некои таблоиди од Англија со денови пишуваат дека нивната врска е во најголема криза во последните шест години, се поставува прашањето дали е навистина така? Наводно, Кристијано Роналдо и’ е лут на својата избраничка Георгина Родригез поради нејзината ароганција и преголемите трошоци. Сепак, само тие двајца ја знаат вистината.
Врската на фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими со неговата сопруга Хиби Абук, која бара 50 отсто од неговиот имот за развод, ги принуди новинарите од Португалија да се справат со слично сценарио, поврзано со Роналдо и Георгина.
Мароканецот сите пари ги префрлил на сметката на мајка си Саида Мух, па актерката од Тунис останала без ништо. Сега Хакими е на удар на медиумите, бидејќи многумина се прашуваат зошто тој се однесува вака кон жена која е мајка на нивните деца. Очигледно нивните адвокати ќе се сретнат за вонсудска спогодба. Хиби сака 10.000.000 евра, а Хакими и’ дава пет пати помалку.
Од друга страна, португалските медиуми пишуваат дека Георгина Родригез би добила повеќе од 35 отсто од богатството на Кристијано Роналдо доколку се раздели со Португалецот. Неофицијално, богатството на Роналдо се проценува на повеќе од една милијарда евра.
Во тој случај Георгина би добила повеќе од 350.000.000 евра. Не треба да заборавиме дека Шпанката е мајка на две деца кои ги има од врската со Кристијано Роналдо.
Наводно, Кристијано веќе извесно време е несреќен што таа решила да се фокусира само на себе и на својата работа, притоа запоставувајќи го него и децата. Тој е особено фрустриран од нејзиното огромно трошење пари кога оди на шопинг.