Зимата и ниските температури имаат свои предности, особено за здравјето на луѓето.
Студот е добар за нашето здравје. Сепак, многумина не знаат. Подолу ви пренесуваме неколку придобивки кои нашето тело и ум ги имаат од ниските температури.
Дишеме подобро
Поради почист воздух, подобро дишеме. Свежиот и чист воздух е идеален за поминување време во природа, долги прошетки и длабоко дишење.
Мозокот работи подобро
Докажано е дека на високи температури луѓето многу поретко носат поголеми, посложени одлуки. Топлото време побрзо ги исцрпува нашите резерви на гликоза, а додека ја користиме гликозата во менталните процеси, нејзиниот недостаток влијае на нашата способност да донесуваме одлуки.
Студот го намалува воспалението и ги отстранува инфекциите
Воспалението на мускулите често се ублажува со нанесување мраз на отечената и болна област. И ниските температури на воздухот го имаат истиот ефект. Многу спортисти користат криотерапија, односно терапија со мраз, што значи изложеност на екстремно ниски температури, при лекување на воспаленија и повреди. Да се биде надвор не прави поотпорни. Тоа е затоа што бројот на клетки кои се борат против инфекции всушност се зголемува кога сме надвор на студ.
Имаме повеќе енергија
Прошетка на ладно ќе ве исполни со енергија и ќе бидете енергични со часови откако ќе се вратите на топлото, бидејќи студот поттикнува енергија. Исто така, за да имате таков ефект, не треба долго време да бидете изложени на студ.
Спиеме подобро
Луѓето кои патат од несоница имаат повисока телесна температура, па затоа спиењето во малку разладена просторија, на идеална температура од 16 до 20 Целзиусови степени, ќе им помогне на оние кои страдаат од несоница, како и на сите останати, да спијат подобро.