Дали гледате нешто спорно на оваа фотографија од Тур де Франс? Погледнете од каде фановите ја гледаат трката (фото)

Обожавателите на Тур де Франс направија потег, кој многумина го сметаат за срамен, поради локацијата од која ги гледаа своите омилени велосипедисти како минуваат пред нив.

Дека навивачите немаат изговор да ги гледаат своите омилени во кој било спорт, покажува и контроверзната фотографија направена за време на емитувањето на најважната велосипедска трка во светот.

За време на втората етапа од најголемиот велосипедски настан, возена низ Булоњ сир Мер, 40 километри југозападно од Кале, фановите се искачија на надгробните споменици за да ги видат своите миленици.

Навивачите се собраа на работ од гробиштата за да се приближат што е можно поблиску до случувањата, а многумина се качуваа на надгробните споменици за да се осигурат дека нема да пропуштат ништо. Секако, овој потег предизвика критики од љубителите на велосипедизмот кои го сметаат за непочитување.

Инаку, во трката, Матиу ван дер Пул го престигна Тадеј Погачар во спринтот, па Холанѓанецот сега ја има жолтата маичка за лидер во генералниот пласман.

Ван дер Пул води во генералниот пласман со четири секунди предност пред Погачар, а Јонас Вингегор е на третото место, шест секунди зад него.

Денес се вози третата етапа, долга 178,3 километри, од Валенсиен до Денкерк.