Дали го препознавате овој господин? Во 2019 година тој влезе во историјата со својата изјава, а многумина и денес го запираат на улица
Таљат Селмани, попознат како Дида Тони, не може да им побегне на фотографите кои го фатија како се шета по улицата во Загреб и три години по легендарната изјава.
Загребскиот пензионер Таљат Селмани, попознат како Дида Тони, пред три години стана ѕвезда поради неговите совети во борбата против грипот.
,,Boli me ruka, boli me noga, vježbaj, pi*** ti materina! – Ме боли раката, ме боли ногата, па вежбај ***” – рече тој во 2019 година и стана легенда.
Тони до ден денес не паднал во заборав, па не можеше да ги избегне фотографите во загребскиот шпиц, каде беше фатен додека гледа во излозите облечен во сив костим.
Елегантен како и секогаш, Тони оваа сончева сабота ја покажа својата фигура, а папараците ги игнорираше.
Во 2019 година на Балканот немаше никој што не знаеше за Дида Тони, тој гостуваше на бројни ревии, а неговата изјава беше широко споделувана на социјалните мрежи.
И денес неговата изјава е вистински хит, а често се користеше и како шега за време на пандемијата на коронавирус која подоцна нè зафати.