ДАЛИ ДЕНОВИТЕ НА БЕНЈАМИН НЕТАНЈАХУ СЕ ИЗБРОЈАНИ !? Аналитичарите едногласно тврдат дека ова е крајот на неговото владеење со Израел: “Нема да ја преживее оваа криза“
Бенјамин Нетанјаху доминираше во Израел повеќе од две децении, а денес, речиси една година откако тој ја обнови својата премиерска функција, нападот на палестинското движење Хамас може да биде почеток на неговиот крај, велат аналитичарите.
Ненадејниот напад на Хамас на 7. октомври беше прогласен за израелски „11. септември“ бидејќи ја предизвика националната траума што ја доживеаја Американците кога беа сведоци на терористичките напади на Ал Каеда врз Њујорк и стана поттик за глобалната војна „против теророт“ предводена од САД.
Во одговорот на Израел на нападите на Хамас загинаа повеќе од илјада Палестинци во Појасот Газа, тесен појас земја населен со 2,3 милиони луѓе, а со која владее Хамас, а сите укажуваат дека бројот на жртви нема да застане тука.
Официјалните истраги за нападите на Хамас веројатно ќе ги разоткријат пропустите во безбедноста, стратегијата и раководството, а сето тоа ќе падне на грбот на Бенјамин Нетанјаху.
„Би се изненадил доколку тој се уште е на функција за една година“, предвидува Клајн Џонс, професор по регионална безбедност на Универзитетот во Дурам.
„Влегувањето на Бени Ганц во Владата на национално единство малку ќе го намали притисокот врз премиерот“, оценува Даниел Бенсимон, експерт за израелска политика.
„Ништо нема да се промени на крајот: Деновите на Бенјамин Нетанјаху се избројани. Нема да ја преживеат оваа криза. Неговата кариера е завршена“, додава тој.
Повеќемесечните протести кои го поделија израелското општество околу судските реформи ќе бидат уште полоши кога војната ќе заврши.
Реувен Хазан, професор по политички науки на Универзитетот во Ерусалим, вели дека целиот традиционален пристап на Бенјамин Нетанјаху кон Хамас е поразен.
„Јавноста скапо ќе плати кога војната ќе заврши. Неговата концепција е лоша. Хамас е на власт во Појасот Газа од 2007 година, а тој беше избран во 2009 година. Тие ги држеа уздите на власта речиси истовремено. И токму во тој период исламистите станаа толку силни“, вели Реувен Хазан.