Дали е здраво да спиете со вашето милениче во креветот !? Постојат ризици на кои не би помислиле, а една опасна болест е многу честа – внимавајте
Зошто не треба да спиете со мачка во кревет и кои се здравствените ризици ?
Дали е во ред да ја оставите вашата мачка да спие во кревет со вас ? Дали на овој начин му штетите на вашето здравје, го нарушувате квалитетот на спиењето и во последен случај му штетите на самиот миленик ?
Мислењата на оваа тема се апсолутно поделени, а сопствениците на крзнени миленичиња и експертите не можат да се сложат. Меѓутоа, ако имате навика да ја пуштате вашата мачка во вашиот кревет, треба да знаете како тоа влијае и на вас и на нејзе…
Мачките можат да спијат и до 15 часа на ден. Но, нивниот циклус на спиење е различен од нашиот. Кога длабоко спиеме, да речеме околу 2 или 3 часот наутро, мачката може да помисли да си игра и да го побара вашето внимание. Тогаш почнуваат да мјаукаат, гребат, грицкаат… А тоа значи дека сте завршиле со спиењето. Според истражувањето на експертите, дури 20 отсто од сопствениците на мачки имаат нарушување на спиењето.
Иако не вршат нужда насекаде, туку во специјализирани кутии, тоа не значи дека нема да стапнат во измет и подоцна да го внесат во вашиот кревет. Мачкиниот „измет“ кој навлегува во постелнината може да биде извор на инфекција со паразити, односно црви кои ги напаѓаат и луѓето.
Околу 30 проценти од луѓето имаат некаква алергиска реакција на првут од домашни миленици, а алергиите на мачки се двојно почести од „чувствителноста“ на кучињата. Доколку знаете дека вие или некој од вашето домаќинство е алергичен, советот на експретите е дефинитивно воопшто да не чувате домашно милениче во домот. Меѓутоа, ако сепак одлучите да имате мачка, тогаш дефинитивно не треба да ја пуштите во спалната соба.
Мачките се домаќини на доста паразити, а ако го делите креветот со нив, тогаш тие можат да ви пренесат дел од нив. Така, болвите, кои вообичаено не живеат на луѓе, можат да ве каснат. Каснувањето од болви изгледа речиси како каснување од комарец, отокот и чешањето се најчестите симптоми. Исто така, ако често ја држите во скут, ја галите и слично, тоа значи дека сте изложени на нејзините секрети. Ризикот од инфекција кај возрасните е значителен, но исто така е забележлив кај децата и постарите лица и оние со ослабен имунолошки систем.
Инфекцијата со салмонела е можна и ако имате мачка во куќата. Животните кои поминуваат многу време на отворено, ловат и јадат птици, глувци и други животни кои се потенцијален извор на инфекција, можат да пренесат бактерии на луѓето и да ги заразат. Симптоми кои се јавуваат кај луѓето во овој случај се: дијареа, треска и стомачни болки.