Дали е можно!? Бејби Лазања по Евровизија рамо до рамо со Бијонсе и Тејлор Свифт: Музичарот не верува што му се случува (фото)
Вицешампионот на овогодинешната Евровизија, Бејби Лазања од Хрватска , ја воодушеви цела Европа со својот безвременски хит „Рим Тим Таги Дим“.
Сите добро се сеќаваат на сцената кога цела арена на Малме скокаше заедно со младиот музичар, а одекнуваше текстот.
Сепак, се чини дека „Рим Тим Таги Дим“ лудилото не престанува да ја тресе Европа, и полека почнува да го освојува целиот свет. Оваа песна моментално е меѓу 50-те најпуштани песни на Spotify во светот, потврди Бејби Лазања на социјалните мрежи.
Музичарот е во шок, не може да поверува што му се случува
Песната „Рим Тим Таги Дим“ влезе во 50-те најпродавани песни на Spotify во светот.
– Како е можно? Рим Тим Таги Дим е 45-та најпуштана песна на Spotify. Со Бијонсе и Тејлор Свифт. Како се случува ова? – напиша Бејби Лазања во приказните на Инстаграм.
Потсетуваме, Бејби Лазања беше прв во букмејкерите пред неколку недели, но победата ја извојува репрезентативецот на Швајцарија, Немо Метлер со песната „The Code“.