ДАЛИ Е МОЖНО !? Оваа девојка го фатила сопругот како ја изневерува па ја слушнала најглупавата лага: “Не престана да се правда, втората лага беше многу лоша…“ (видео)

Тајлер Пејџ со своите следбеници на социјалните мрежи ја споделила најлошата лага што ја слушнала во животот а нејзината приказна набргу станала вистински хит на Интернет.

Ја видов фотографијата на мојот сопруг на Фејсбук. Бил во ноќен клуб со неколку девојки и не ја носел бурмата. Го прашав за што се работи, а тој ми одговори дека со фотошоп го тргнале прстенот од фотографијата. Секако дека ова беше најужасната лага што сум ја слушнала“, вели таа во видеото објавено на социјалната мрежа ТикТок.

@tylarpaige

I’d love for this sound to go viral because he will know he’s the only idiot that would tell such a whopper!!! #fyp #liar #cheater #exhusband

♬ They photoshopped his wedding ring off – Ty Paige

Подоцна, во друго видео, таа објаснила како неговата лага не завршила тука.

Откако се сетила дека е оженет со експерт за фотошоп и сфатила дека ниту еден фотограф од ноќен клуб нема да си го губи времето обидувајќи се да го извади прстенот од прстот, ја сменил приказната. Потоа сопругот кажал дека веројатно го извадил прстенот кога отишол да ги измие рацете и заборавил да го врати на прстот”, објаснила таа.

Таа додала дека на фотографијата од ноќниот клуб во Торонто се наоѓа и неговиот братучед кој исто така ја извадил бурмата. Тајлер, која сега е среќно разведена, со својата приказна собра над три милиони прегледи, а многумина беа изненадени од она што го слушнаа.