Дали е можно поради ова да убивал луѓе низ Србија? Седнал во мерцедесот и ги застрелал додека правеле скара!? Вака изгледал крвавиот поход на убиецот од Младеновац (Фото/Видео)

Во село Грошница уапсен е осомничениот за масовно убиство кај Младеновац У.Б.(21). Осомничениот беше уапсен по речиси деветчасовна потрага во која беа вклучени повеќе од 600 полицајци. МВР на Србија објави фотографија по апсењето. „Припадниците на МВР по опсежна потрага го уапсија У.Б.(2002) во околината на Крагуевац. Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје убил осум лица и ранил 14.

Како што се наведува, повредените се згрижени во болници. Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан.

У.Б.(21), кој е осомничен за терористички акт, бил уапсен околу 8 часот во селото Грошница кај Крагуевац, каде се криел во куќата на родните. Има роднини таму од страната на мајка му.

Децата во Крагуевац од утрово беа затворени во градинките и им било наредено да не ги изнесуваат надвор бидејќи убиецот е во околината.

Приведениот сега се Белград каде ќе му биде одредено полициско задржување.

Урош вчера околу 23 часот уби осум лица, а рани 14.

Со автоматска пушка отворил оган кон луѓето. Во крвавиот поход во селото Дубиона убил полицаец кој бил на должност и неговата сестра.

Во Дубона кај Младеновац убиени се полицаецот М.П.(22) неговата сестра К.П.(19) и Д.Т.(25). На другата локација во Смедерево загинале М.М.(18), Н.С.(21), Л.М.(20), Н.М.(15) и А.М.(18).

Тој имал досие, но не бил осудуван.

Тој бил порано приведен поради напад на службено лице и кражба.

Во викендицата што ја користи, пронајдено е поголем број оружје.

При бегството убиецот од Младеновац тој наводно киднапирал таксист на кого му се заканил со бомба.

Дваесет и едногодишниот У.Б., осомничен за масовно убиство кај Младеновац, бил уапсен кај местото Грошница, а како што дознава Политика, се обидел да побегне во Крагуевац. Според селаните во околината на Младеновац, мајката на напаѓачот живее во Крагуевац, па тој се обидел да стигне до тој град.

Според неофицијални информации, УБ киднапирал таксист во околината на Младеновац и му се заканил дека ќе го убие доколку не го однесе во Крагуевац. Како што се дознава, УБ извадил бомба и му се заканил на таксистот дека ќе го разнесе. Според Пинк, тој најпрвин се сокрил кај роднините во селото Вињиште.

Утврдено е дека тој побегнал од местото на настанот од Дубона кон Вињиште и во текот на ноќта киднапирал таксист и неговиот автомобил. Таксистот се возел со УБ од Младеновац до Вињиште. УБ е уапсен при обид за бегство во Грошница, во близина на Крагуевац.

Најмалку 17 жртви во 2 грозоморни масакри. Ова е крвавиот биланс на невидена трагедија што ја погоди Србија. Ново масовно убиство синоќа се случи во општина Младеновац, во близина на Белград. Убиецот Урош Б. (21) тргнал во крвавиот поход и од својот мерцедес по случаен избор ранил 14 лица и убивајќи осум. Конечно, како што пренесува РТС.рс , полицијата го уапсила во Крагуевац.

Го убил и младиот полицаец Милан Паниќ (21) и неговата две години помлада сестра. Како што пренесуваат српските медиуми, тој не ни бил во расправија со нив. Според информациите на Телеграф, Урош Б. бил со другарите во училишниот двор кога се скарал со нив. Дошол во куќата и зел автоматска пушка. Потоа се вратил кај друштвото, пукал во екипата која во меѓувреме подготвувала скара, па влегол во мерцедес и тргнал кон центарот на селото Дубона и наводно пукал од автомобилот во движење. Наводно, подоцна го сменил автомобилот.

-Тие седеа таму и разговараа, тој им пријде и ги застрела од ведро небо. Ми ги убил внукот и внуката – изјавиле за Блиц дедото и сестрата на полицаецот – Велат им пукал во тилот на моите внук и внука, дека тие не го виделе.

Во првото село ранил шест лица, а потоа отишол во второто село каде исто така пукал. Според Телеграф , најмладата жртва е 15-годишно дете. Според истоимениот медиум, тој пукал и во навивач на Црвена звезда. Во Дубона кај Младеновац убиени се гореспоменатиот полицаец и неговата сестра К.П.(19) и Д.Т.(25). На другата локација Смедерево, убиени се М.М.(18), Н.С.(21), Л.М.(20), Н.М.(15) и А.М. (18)

Повторуваме, најмладата жртва, според овие информации, имала само 15 години.