Дали е можно Прија вака облечена да се шета низ Белград!? Ја пронашле на Калемегдан додека го правела ова, не била сама (фото)

По концертите во Нови Сад, младата ѕвезда Александра Пријовиќ се врати во Белград, а медиумите ја сликаа за време на нејзиното попладневно излегување.

На Калемегдан ја нашле со наследникот Александар, кого во последно време не го носи на концерти, а момчето весело трчало додека мајка му со избрзан чекор го следела.

Александра Пријовиќ

Иако медиумите на почетокот мислеа дека ова е попладне резервирано за уживање на славните мајка и син, бидејќи Филип Живојиновиќ не беше со нив, Александра подоцна беше забележана во еден од локалите на Калемегдан со уште неколку луѓе.

Таа седела со нив во прилично скриено кафуле во рамките на паркот Дино, кое е вистинска атракција за најмалите, па нејзиното момче максимално уживало.

Меѓутоа, бидејќи тие го посетиле ова место во работен ден и во работно време, воопшто немало гужва, што очигледно и’ било задоволство на пејачката.

Александра носеше црна комбинација и рамни чевло, а денот го помина без шминка.