Јелена Карлеуша не ја слсди својата помала ќерка Ника Тошиќ на социјалната мрежа Инстаграм.
Оваа информација се шири на Твитер, а доколку ги пребарате профилите кои пејачката ги следи на Инстаграм, ќе видите дека оваа изјава е вистинита.
– Јелена Карлеуша штотуку ја отследи родената ќерка Ника Тошиќ од Инстаграм – пишува на Твитот.
ЈК не се огласи во оваа прилика, а неодамна сите останаа шокирани од информацијата дека пејачката уште еднаш го заследила фолкерот Аца Лукас и нејзината колешка Ана Николиќ со кои имала непријателски односи.
Да потсетиме, постарата ќерка на Карлеуша, Атина Тошиќ, одамна нема социјална мрежа Инстаграм.