Моментално најдобриот млад тенисер од плејадата на новата генерација Карлос Алкараз поради повреда се повлече од турнирот во Базел следната недела, а од Австрија стигнуваат шокантни вести од организаторите на турнирот во Виена.
Имено, како што пишува таму ,,Дер Стандард”, Карлитос побарал неверојатни 800.000 долари само за да се појави и да учествува на турнирот!
Секако, организаторите веднаш го одбија ова лудо барање на шпанскиот тенисер, кој потоа се реши за Базел, но отпадна и од неговиот список поради споменатата повреда.
Овие два турнира обично се играат во текот на следната недела.
Бидејќи наградниот фонд за турнирот во Виена е 2.400.000 долари, а победникот ќе добие 450.000 долари, не е чудно што организаторите решиле да го „отпишат“ Алкараз, кој за учество би требало да плати речиси двојно поголема сума од онаа што ќе се додели на победникот..
Вистина е дека младиот Карлитос сега е магнет за публиката, но и јасно е дека турнирот не би можел ништо да заработи доколку навистина даде толку многу за да донесе само еден тенисер.