Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија е подготвена да склучи договор за решавање на конфликтот во Украина и дека сега останува да се постигне договор со Володимир Зеленски.
– Мислам дека Русија е подготвена… Мислам дека имаме договор со Русија. Треба да се договориме со Зеленски – им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.
Трамп, исто така, рече дека преговорите со Зеленски одат потешки отколку што првично очекуваше.
Американскиот претседател избегна да одговори на прашањето за можното признавање на Крим како руска територија.
Американскиот претседател изјави и дека има мали шанси да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Саудиска Арабија, но дека средбата најверојатно ќе се одржи по неговото патување.
Посетата на Трамп на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар е закажана за периодот 13-16. мај.
– Можно е, но најверојатно нема да се случи. Мислам дека после тоа ќе се сретнам со него – рече Трамп.