Дали е ова почеток на поширока ескалација на конфликтот? Горат американските бази во Ирак: Ова е само почеток? (ВИДЕО)

Два беспилотни летала насочени кон база во која се сместени американски војници во западен Ирак биле пресретнати во средата, изјави претставник на американската одбрана.

Неколку часа подоцна, ирачката милиција објави дека извршила нов напад со дрон врз друга база.

Во ниту еден инцидент нема повредени.

Исламскиот отпор во Ирак, клучна милиција поддржана од Иран, објави соопштение во кое ја презема одговорноста за двата напади и наведува дека најавува нови операции против „американската окупација“.

Нападите доаѓаат во време на зголемени тензии и стравувања од поширок регионален конфликт по последната војна меѓу Хамас и Израел.