ДАЛИ ЗАПАДОТ КОНЕЧНО ЌЕ ЈА ИСПОЛНИ ЖЕЛБАТА НА УКРАИНА !? Володимир Зеленски се пофали: “Добивме сериозна и моќна понуда за…“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека добил „сериозна и моќна“ понуда од лидерите на западните земји да испрати борбени авиони F-16 во Киев. Тој додаде дека чека конечен договор со клучните сојузници.

Нашите партнери знаат колку авиони ни се потребни. Веќе добив уверување за разбирањето на таа бројка од некои наши европски партнери… Ова е сериозна, силна понуда“, изјавил Володимир Зеленски во изјавата на неговата веб-страница.

Киев сега чека конечен договор со своите сојузници, вклучително и заеднички договор со Соединетите Американски Држави“, нагласил Володимир Зеленски.

Се уште не е јасно кој од сојузниците на Киев е подготвен да испрати западни авиони во Украина.

Претседателот на САД, Џо Бајден им кажа на лидерите на Г-7 минатиот месец дека Вашингтон поддржува заеднички програми за обука на украинските пилоти F-16, но советникот за национална безбедност Џејк Саливан кажа дека сè уште нема конечна одлука за испраќање авион од Вашингтон.

Володимир Зеленски долго време се залагаше за испраќање авиони F-16 во Украина, тврдејќи дека нивното појавување со украинските пилоти ќе биде јасен сигнал до светот дека руската инвазија ќе заврши со пораз. Вчера и Русија предупреди дека снабдувањето на Киев со тие авиони дополнително ќе го ескалира конфликтот.