Лимонот е популарно овошје кое е многу здраво и може да им помогне на оние кои сакаат да ослабат. Според нутриционистот Рохини Патил, ова вкусно овошје е богато со витамин Ц, не содржи многу калории, помага за подолго чувство на хидратација и позитивно влијае на варењето и метаболизмот.
Исто така, консумирањето лимон може да ви помогне подолго да се чувствувате сити, што влијае на севкупниот помал внес на калории во текот на денот, пренесува Health Shots. Токму затоа, доколку сакате да ослабете и да внесете повеќе лимон во исхраната, нутриционистот издвои пет начини на кои можете да го направите тоа и да ги видите промените во вашето тело.
На кои начини можете да го вклучите лимонот во вашата исхрана?
Еден од најпопуларните начини за консумирање лимон е во вода со лимон.
Нутриционистот истакнува: „Наутро испијте чаша вода со лимон за да го подобрите варењето и метаболизмот. Исцедете го сокот од еден лимон и додадете го во чаша вода. Овој напиток можете да го пиете топол или ладен, но ќе има подобар ефект ако водата е потопла“.
Освен во вода, лимонот често се користи и во салати, односно сок од лимон. Патил објаснува дека „додавањето сок од лимон во салатите ќе даде посебен вкус и ќе помогне да се намалат калориите од тешките оброци“. Лимонот е популарна состојка која се користи и при подготовка на други јадења.
Нутриционистот тврди дека со додавање лимон во оброците „го подобрувате вкусот и текстурата на храната без да внесувате дополнителни калории со маринирање во сок од лимон“, што влијае на вкупниот внес на калории, пренесува Health Shots.
Иако водата со лимон е најпопуларниот избор, можете да пробате и чај со лимон.
„Можете да направите вкусен чај од лимон за да го додадете во вашата диета за слабеење.”
Ако не ви се допаѓа ниту еден предлог на нутриционистот, можеби ќе сакате да додадете лимон во вашите смути.
,,Додавањето сок од лимон во смути ќе помогне за подобра апсорпција на хранливите материи и ќе им даде подобар и избалансиран вкус“, заклучува нутриционистот.