Дали знаете во кој град можете да имате 5 дена одлична забава за „само“ 165 евра?

За ноќевање во хотел со три ѕвезди овде ќе ви требаат просечно 17 евра, а во хотел со пет ѕвездички 169 евра.

Делхи во Индија е најевтината дестинација за туристичка посета. Така барем мисли британскиот туристички портал Traveler’s Elixir, кој пресметал дека за петдневен престој во овој град ќе ви требаат околу 165 евра.

Просечните цени за сместување во Делхи се исклучително прифатливи – за ноќевање во хотел со три ѕвезди ќе ви требаат околу 17 евра, а во хотел со пет ѕвездички 169 евра. За споредба, за една ноќ во просечен хотел со пет ѕвезди во Монако, ќе треба да издвоите шест пати поголема сума – околу 1.100 долари.

Делхи има долга и фасцинантна историја која оди длабоко во минатото, што се рефлектира во неговата неверојатна архитектура. Овде дефинитивно треба да ја посетите Црвената тврдина, споменикот Кутуб Минар и гробот на Хумајун . Згора на сè, треба да ја пробате локалната кујна, која е со многу разумна цена.

Traveler’s Elixir ги анализираше цените на просечното сместување, храната, јавниот превоз во местото на престој и туристичките атракции со цел да се добијат најприфатливите дестинации за посета. Земјите се рангирани врз основа на просечната цена за петдневен престој за едно лице во даден град.

Цената на превозот од дома до саканата дестинација не е вклучена во анализата бидејќи многу варира во зависност од тоа каде живеете и какво превозно средство користите.

Ниту една земја на рангирањето не се наоѓа  во  Европската унија, Северна Америка или Австралија. Напротив, мнозинството земји – дури осум од десет – се наоѓаат  во Азија, додека една е во Јужна Америка и една во Северна Африка.

Најповолни места за петдневен престој според анализата на порталот Traveler’s Elixir:

  1. Делхи, Индија, 165 евра за петдневен престој
  2. Пном Пен, Камбоџа, 205 евра за петдневен престој
  3. Катманду, Непал, 209 евра за петдневен престој
  4. Тбилиси, Грузија, 227 евра за петдневен престој
  5. Меделин, Колумбија, 232 евра за петдневен престој
  6. Хо Ши Мин, Виетнам, 236 евра за петдневен престој
  7. Чианг Маи, Тајланд, 260 евра за петдневен престој
  8. Каиро, Египет, 263 евра за петдневен престој
  9. Луанг Прабанг, Лаос, 265 евра за петдневен престој
  10. Бангкок, Тајланд, 266 евра за петдневен престој