Доколку сте решиле да се откажете од млекото во кафето или едноставно сакате да го истакнете вкусот на омилениот пијалок, пробајте проверен трик…
Кога доаѓате на работа, а зад вас е „напорен“ викенд, а треба брзо да се разбудите и да си дојдете на себе, нема ништо подобро од кафе. Фала му на небото за горкото кафе (никој никогаш не рекол). Сркањето горко кафе за повеќето е големо разочарување, но денот мора да продолжи со таков вкус. За среќа, вкусот на кафето можете да го подобрите со малку, ништо помалку од – сол!
Освен што ќе ја намали горчината, а со тоа и потребата од нездрав шеќер, па дури и млеко, кафето ќе има подобар вкус. Според гастроентерологот Алтон Браун, совршена мерка е четвртина лажичка сол и две лажици мелено кафе по голема шолја вода. Секако, доколку неговата препорака за количината на кафе ви е премногу, прилагодете ја на сопствениот вкус.
Што ви треба: Кафе и сол
Што правите : Ставете сол во горкото кафе и промешајте
Зошто делува: солта чудно се врзува за пупките за вкус кои откриваат горчина и ги спречува да ја вршат својата работа. Наука, чиста наука!
Резултат: Можеби ќе добиете малку навестување на соленост, но ако претпочитате солено пред горчливо, овој трик е идеален за вас.