Дали знаете зошто треба да ставате сол во кафето?

Доколку сте решиле да се откажете од млекото во кафето или едноставно сакате да го истакнете вкусот на омилениот пијалок, пробајте проверен трик…

Кога доаѓате на работа, а зад вас е „напорен“ викенд, а треба брзо да се разбудите и да си дојдете на себе, нема ништо подобро од кафе. Фала му на небото за горкото кафе (никој никогаш не рекол). Сркањето горко кафе за повеќето е големо разочарување, но денот мора да продолжи со таков вкус. За среќа, вкусот на кафето можете да го подобрите со малку, ништо помалку од – сол!

Освен што ќе ја намали горчината, а со тоа и потребата од нездрав шеќер, па дури и млеко, кафето ќе има подобар вкус. Според гастроентерологот Алтон Браун, совршена мерка е четвртина лажичка сол и две лажици мелено кафе по голема шолја вода. Секако, доколку неговата препорака за количината на кафе ви е премногу, прилагодете ја на сопствениот вкус.

Што ви треба: Кафе и сол

Што правите : Ставете сол во горкото кафе и промешајте

Зошто делува: солта чудно се врзува за пупките за вкус кои откриваат горчина и ги спречува да ја вршат својата работа. Наука, чиста наука!

Резултат: Можеби ќе добиете малку навестување на соленост, но ако претпочитате солено пред горчливо, овој трик е идеален за вас.