Дали знаете што значи буквата ,,i” во зборот iPhone!? Загатката е решена а ќе се изненадите кога ќе дознаете чија била намерата

Apple го објави својот прв паметен телефон за продажба во 2007 година. Тие го нарекоа, како што знаеме, iPhone , слично како што ги нарекуваа нивните други производи iPod и iMac. Денес, многу производи содржат „I“ во нивното име, вклучувајќи ги: iPad, iCloud и iOS . Но, што значи тоа „I“?

Уште од 1998 г.

За да одговориме на тоа прашање, треба да се вратиме малку назад во историјата, пред да биде создаден првиот iPhone. Првиот i-уред што го објави Apple беше iMac, уште во 1998 година, а Стив Џобс сакаше iMac да биде компјутер што може лесно да се користи во канцеларија, дома и во училиштата.

iPhone

Тој изјави дека Apple одлучил да го стави „I“ во името за да го означи зборот „интернет“. Имено, ова беше првиот Mac кој овозможи едноставно и брзо поврзување на интернет, што во тоа време не беше особено распространето. Тој се надеваше дека iMac ќе ги инспирира луѓето и ќе се користи на училиште за учење и наоѓање информации.

Во раните денови на iMac, „I“ значеше и други работи. Во својата презентација, Џобс претстави и други можни значења на оваа буква.

„Стив Џобс рече дека „I“ значи интернет, индивидуалност, инструкции, информации и инспирација“, објасни адвокатот на Компаритек, Пол Бишоф, додавајќи дека „I“ нема официјално значење, пренесува Reader’s Digest. 

Tој исто така алудираше на фактот дека „I“ (во превод јас) е лична заменка и дека „инструкцијата“ означува образовна цел“, додаде тој.

Со текот на времето, „I“ стана вистински идентификатор на брендот како краток и лесен за паметење симбол. 

Сега барем знаете што значи тоа.